За предметот „Империја“ имав многу малку податоци. Го водеше колешката Лиле Стефанова и фактички знам многу малку за доказите. Знам дека интензивно се работеше на него во пролетта и летото 2018 година, а како што се сеќавам, истрагата беше отворена на почетокот на ноември.
Вака обвинителката Елизабета Јосифовска го започна сведочењето за предметот „Рекет“, каде што се обвинети нејзината доскорешна шефица во СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13.
Јосифовска е обвинителката која како заменичка на Јанева ја потпиша согласноста Орце Камчев да добие привремен пасош, а тоа го потврди и денеска во судницата. Но, претходно хронолошки раскажуваше сè што ѝ е познато за случајот „Империја“.
Првата околност која ја наведе е моментот кога притворите за дел од осомничените биле заменети со домашен притвор со согласност на Катица Јанева.

рече Јосифовска.
„Тоа во моментот беше збунувачки. Колешката Стефанова реагираше дека тоа, на некој начин, ќе влијае штетно на истрагата, но специјалниот јавен обвинител кажа дека треба да се заменат“,
Таа појасни дека не знае на кои осомничени се однесувала замената на мерката, но како што се сеќавала, станувало збор за Орце Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ…
„Во разговорот се спомна и Сашо Мијалков, не знам во кој контекст, а се спомна и носењето на Законот за јавно обвинителство“,
рече обвинителката.
Другата околност за „Империја“ која ја наведе Јосифовска е состанокот во СЈО во април 2019 г. на кој, меѓу другото, Јанева побарала од Лиле Стефанова и Бурим Рустеми да изготват пресметки за штетите што треба да ги платат осомничените во случаите „Империја“ и „Поштенска банка“ (случај кој го води Рустеми) и со тоа да не одат во затвор.

Натаму, Јосифовска во својство на сведок зборуваше за времениот пасош на Камчев чија согласност била издадена на 2 мај 2019 г., истиот ден кога стигнало барањето.
Актот за согласност, како што рече таа, на невообичаен начин стигнал до неа. Наспроти праксата, такви акти до обвинителите да стигнуваат од вработените во кабинетот на Јанева, дента на 2 мај, кон крајот на работното време до Јосифовска согласноста за потпис ја донела стручна соработничка од тимот на Лиле Стефанова. Таа ѝ кажала дека согласноста ја изготвиле по налог на шефицата на кабинетот на Јанева, Сања Димовска.
сведочеше обвинителката.
„Ја прашав што е тоа мислење и ми кажа дека била повикана од шефот на кабинет на специјалната обвинителка која ѝ кажала да се изготви такво како што е. Ја прашав дали Лиле Стефанова е запознаена со таквото мислење и таа ми рече дека не е“,
Јосифоска ја контактирала и шефицата на кабинет на Јанева која рекла дека тоа е налог на специјалната обвинителка.
раскажа обвинителката.
„Ги контактирав шефот на кабинет на специјалниот обвинет (Сања Димовска) и Лиле Стефанова. Шефицата на кабинет ми кажа дека тоа е налог на специјалниот јавен обвинител и дека тоа треба да се потпише. Прашав зошто толку бргу, бидејќи од списите на предметот видов дека барањето е примено истиот ден, и таа ми рече дека постоеле причини на итност. Лиле Стефанова ми кажа дека не е запознаена со тоа и сметаше дека е реална опасноста Камчев да избега зашто имаше двојно државјанство, но јас немав избор – ѝ кажав дека морам да потпишам. Ние како заменици не сме имале право да ја менуваме суштината на актот, сме биле должни само технички формално-правно да видиме дали е во ред“,
Пасошот рече дека бил за 8 месеци, а причините поради кои се барал е што Камчев бил повикан на состанок во „Аџибадем“ во Турција и за дополнителна обука во ноември годинава.
Тука завршија и прашањата на обвинителката Вилма Русковска, по што редот дојде на одбраната од каде најмногу прашања имаа адвокатите на Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска. Одговарајќи на нивните прашања, Јосифоска сведочеше дека нејзината поранешна шефица, барем нејзе лично, не и вршела притисоци за предмети дали да се повика некое лице, какви дејствија да се преземат итн.
Адвокатите преку нивните прашања сакаа пред судот да посочат дека во предметот „Империја“ немало невообичаени постапувања. А таква оценка дадоа и по завршувањето на денешното рочиште.
„Сосема коректно, обвинителката Јосифоска си даде исказ какво било работењето во СЈО, како се добивале предметите на распоред, како таа постапила по одредени барања. Ние како одбрана сметаме дека се покажа дека немало ништо невообичаено во нејзиното постапување во предметите, како и воопшто во постапувањето за предметот ‘Империја’. Таков е нашиот впечаток, верувам дека и судот ќе го има истиот впечаток“,
изјави адвокатот Кадиев.
Сведочењето на Јосифоска траеше кратко, околу еден час, а денешното рочиште обвинетиот Бојан Јовановски го искористи за да соопшти дека прима закани за ликвидација.
За разлика од неговото влегување во судница кога им посака среќна Нова година на новинарите, на крајот од судењето побара збор и соопшти дека откако два дена давал исказ пред обвинителката Вилма Русковска во истрагата за „Рекет 2“, за која денеска се поднесе и обвинение, добива закани за ликвидација.
Тој се прогласи за политички затвореник и праша на кого не му одговара да се знае вистината за „Рекет“. За заканите и тоа што не ги добива правата загарантирани со Устав, Боки рече дека денеска им пратил писмо на амбасадорите на САД, ЕУ и на Франција во земјава и бара средба со нив.
Следното рочиште за „Рекет“ е закажано за 20 јануари кога, исто така, ќе се сослушуваат сведоци на обвинителството. Оттогаш се очекува и засилена динамика за овој судски процес со оглед дека речиси за секој ден на распоредот на веб-страницата на Основниот кривичен суд има закажано рочиште.
Меѓу следните сведоци кои се на списокот на обвинителката Вилма Русковска, се обвинителката Лиле Стефанова и шефицата на кабинет на Јанева.
Денешното беше шесто судско рочиште за „Рекет“. Што се случуваше на претходните, прочитајте во сумираните извештаи на „360 степени“:
Судење за „Рекет“ – чин втори (ВИДЕО)
Судење за „Рекет“: „Обвинителот Боки“ и „госпоѓата Јанева“ низ сведочењето на Камчева
Судење за „Рекет“ – „Поштенска банка“ влезе во записниците
Судење за „Рекет“ – „Прокуристот“ Боки 13 во улога на уредник и домаќин на политичари