Со полициска придружба од затворот во Шуто Оризари, Бојан Јовановски – Боки 13 утрово влезе во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје и веднаш им ја честита Новата година на новинарите и присутната јавност, а пред да излезе соопшти дека добива закани.
На крајот на денешното судско рочиште побара збор и рече дека се чувствува загрозен бидејќи добива закани за физичка ликвидација.
Посебно, како што кажа, така се почувствувал откако два дена даваше исказ пред обвинителката Вилма Русковска за втората истрагата во аферата „Рекет“.
„Оправдано се чувствувам како политички затвореник зашто ‘Рекет’ сè повеќе личи на арена на политичките чинители кои своите битки ги водат преку овој случај. На самиот крај на известувањето сакам да напоменам дека ќе ги употребам сите правни лекови за да добијам еднаквост во оваа кривична постапка“,
рече Боки заканувајќи се дека може да почне и штрајк со глад како последна радикална мерка, која вели поради неговата лоша здравствена состојба може да има и фатални последици.
Тој побара од судот да добие рамноправност и да се носат одлуки без притисоци за кои знае дека постојат.
рече Јовановски.
„Го молам судот да ги цени овие околности и да носи одлуки без притисоци. На кого му одговара мојата физичка ликвидација, на кого му пречи вистината за ‘Рекет’? Сакам да истакнам дека денеска испратив и лични писма до амбасадорката на САД, амбасадорот на ЕУ, амбасадорот на Франција, како и до Хелсиншкиот комитет. Побарав нивни посети во затворот ‘Скопје’ поради бруталното кршење на човековите права. Побарав да ме посетат“,
Тој посочи дека го информирал и републичкиот обвинител Љубомир Јовески и барал средба со него, но до овој момент нема одговор.
Неговиот адвокат Сашко Дуковски во изјава за медиумите ги потврди заканите, но не сакаше да каже од кого доаѓаат.
Јовановски за заканите во судската сала зборуваше откако претходно во неа можеше да се слушне сведочењето на обвинителката Елизабета Јосифоска која ѝ беше заменичка на Катица Јанева во СЈО.
Извештајот од нејзиното сведочење можете да го прочитате ТУКА.