Во гаснењето на пожарот, според ЦУК, биле ангажирани 15 пожарникари и шест возила на скопската противпожарна бригада, а интервенцијата траела повеќе од три часа
Засега нема информации за можните причини за пожарот, односно што го предизвикало огнот. Од Министерството за внатрешни работи велат дека на местото ќе биде извршен увид и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот
Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската Општина Шуто Оризари. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), во пожарот нема повредени лица, но е предизвикана голема материјална штета.

Во огнената стихија која избувнала нешто по 3 часот по полноќ опожарени се над 20 дуќани, сите во сопственост на едно лице.
„Денеска (11.9.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга стока сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема“,
велат од МВР.
Засега нема информации за можните причини за пожарот, односно што го предизвикало огнот.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека на местото ќе биде извршен увид и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.
За големината на пожарот, покрај видео снимките што ги објавија порталот „4 њуз“ (4 News), говори и бројот на пожарникари и противпожарни возила на скопската противпожарна бригада кои биле ангажирани во неговото гаснење, како времетраењето на интервенцијата.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во одговор на новинарско прашање, соопштија дека 15 пожарникари и шест противпожарни возила го гаснеле огнот од 3:31 до 6:45 часот утринава.
Според информациите на ЦУК, пожарот зафатил трговски објект на улицата „Индира Ганди“ во Општина Шуто Оризари.
