На петтиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Куманово и Свети Николе.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ пак, „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани Новаци, Демир Хисар и Битола.
Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Битола, Охрид, Струга и Кичево, а коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива во Маврово.