Овие 20 дена ќе бидат крајот на една битка за враќање на државата во рацете на народот, онаму каде што припаѓа, порача денеска од Виница, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
„Видовме како не треба и власта на чело со Заев е неспособна да реализира било каков проект. Овие луѓе знаат да владеат само со уцени, измами и криминал. Македонија се уште е држава во која првиот човек е амнестиран рекетар. На ова мора да му дојде крајот. Затоа, на овие избори ќе имаме двојна задача – прво да ја поразиме корона пандемијата, и да ја поразиме пандемијата на криминал и корупција, тоа се СДСМ и Заев“,
истакна Јанушев.
Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложи за раст на платите и пензиите, реконструкција на патишта, странски инвестиции…
„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да работи за доброто на сите односно се обврзува повисоки плати од 25% или за 6.500 денари повеќе за сите, повисоки пензии за 20% или повеќе од 3000 денари повеќе за секој пензионер, намалување на невработеноста под 10%, враќање на Рамниот данок и негово намалување на 8%,4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за период 4 години. Целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта, изградба на 150 километри“,
порача Јанушев.