Ако ние продолжиме по овој зацртан пат, пристапните преговори ќе бидат отворени за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, рече Никола Димитров на денешната трибина со граѓаните од центарот на Скопје, на која зборуваше заедно со претседателот на СДСМ Зоран Заев, ко-носителката на листата во ИЕ1, Мила Царовска и кандидатот за пратеник Горан Мисовски.
„А ако се собереме во 2024 година повторно овде во центарот на Скопје, ќе зборуваме кога ќе влеземе во Европската Унија. Другата опција нема да ги почне пристапните преговори низ целиот нивен хипотетички мандат. Немаме право на грешки, немаме право на изгубено време во следните 4 години. И економски и демократски ние ќе бидеме подобра држава. Да обезбедиме убедлива победа на силата што влече напред“,
порача Димитров.
Царовска порача дека СДСМ е партија која покажа и докажа дека се грижи за сите граѓани подеднакво.
„Покажавме дека се грижиме за лицата со попреченост. Не само декларативно да се купат за избори туку го променивме нивниот живот, животот на нивните родители, но и на променивме и општеството, начинот на којшто виде и ние и вие ги гледаме овие лица и децата. Направивме трансформација и тоа го правиме во секоја тема којашто ја дискуртираме во општеството. Ние зборуваме за темелни промени и тоа го можеме.Затоа што ние веруваме дека ние сме генерација којашто треба да ја донесат промента и со нашите постапки правиме праведна држава и праведно општетство“,
истакна Царовска.