Новиот шеф на платформата продолжува со типичните шеги за него на својот профил, а сега ја смени и биографијата
Помина една недела откако Илон Маск го презеде Твитер и оттогаш владее еден вид хаос на социјалната мрежа. Новиот сопственик на Твитер најави дека ќе воведе месечна претплата за корисниците што имаат сино-бел знак, а масовните отпуштања во компанијата треба да започнат денеска.
Многу корисници го напаѓаат Маск на Твитер поради најавените потези, а според некои податоци, милион луѓе веќе го напуштиле Твитер.
Новиот шеф на платформата продолжува со типичните шеги за него на својот профил, а сега ја смени и биографијата. До неговото име на Твитер сега стои: „Твитер жешка линија за жалби“.
Многу корисници на Твитер додаваат емотикон стаорец до своето име.
Станува збор за виртуелен протест против месечната претплата за користење на социјалната мрежа што најави дека ќе ја воведе новиот сопственик на платформата, Илон Маск. Критичарите на овој потег ставаат емотикони со стаорци покрај нивните имиња наместо син-белиот знак кој ја докажува автентичноста на корисникот.