До ова дојде само неколку часа пред крајниот рок поставен од судијата во Делавер за финализирање на договорот во петок. Таа се закани дека ќе закаже судење доколку не се постигне договор
„Птицата е ослободена“, напиша Илон Маск на Твитер откако ја презеде контролата над Твитер во договор што го става на чело на една од водечките глобални социјални платформи.
„Маск ја презеде контролата врз Твитер и ги отпушти извршниот директор Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и главниот правен советник Вијаја Гаде“,
изјавија синоќа две лица запознаени со договорот.
Тие, како што јавува АП, не кажале дали целата документација за договорот, првично проценет на 44 милијарди долари, е потпишан или дали договорот е затворен.
the bird is freed
— Elon Musk (@elonmusk) October 28, 2022
До ова дојде само неколку часа пред крајниот рок поставен од судијата во Делавер за финализирање на договорот во петок. Таа се закани дека ќе закаже судење доколку не се постигне договор. Иако дојдоа брзо, главните потези за промени во персоналот беа широко очекувани и речиси сигурно се првите од многуте големи промени што ќе ги направи извршниот директор на Тесла.