Маск пролетта понуди да го преземе Твитер за 54,2 долари по акција, односно за вкупна цена од 44 милијарди долари, по што беше потпишан прелиминарен договор за купопродажбата
Бизнисменот Илон Маск вечерва објави видео на кое се гледа како влегува во седиштето на Твитер носејќи мијалник во рацете. Тој појасни дека се работи за симболика, со фразата „Нека потоне“ („Let that sink in“), која на англиски се користи во ситуации кога нешто треба да се прифати, сфати или да се разбере.
Бизарното видео на Маск за еден час собра дури 4,2 милиони прегледи на Твитер.
Entering Twitter HQ – let that sink in! pic.twitter.com/D68z4K2wq7
— Elon Musk (@elonmusk) October 26, 2022
Маск пролетта понуди да го преземе Твитер за 54,2 долари по акција, односно за вкупна цена од 44 милијарди долари, по што беше потпишан прелиминарен договор за купопродажбата.
Тој во јули еднострано го раскина овој договор, а Твитер покрена правна постапка за да го принуди да ја почитува прифатената обврска.
На почетокот на месецов, Маск достави нова понуда за преземање на социјалната мрежа, а тужбата беше ставена во мирување до 28 октомври.