Министерката очекува до февруари да се дефинира концепцијата за основно образование, која од почеток наиде на многу реакции во јавноста
Се што ќе направиме е подобро од денес, вели министерката за образование Мила Царовска за најавената реформа во наставата, посочувајќи дека резултатите од меѓународни и домашни тестирања покажуваат функционална неписменост на нашите ученици.
„Нашите ученици не се помалку интелигентни од другите ученици. Само им треба квалитетно образование кое ќе ги донесе до врвот“,
рече Царовска во гостување на вестите на Сител.
Таа очекува најдоцна до февруари да се финализира концепцијата за основно образование, која од септември треба да стартува во прво и во четврто одделение.
За утре, како што најави, планирана е средба со претставници од академската заедница, а денеска се разговарало со наставници во основното образование.
Таа повтори дека новата концепција не значи дека нема да се изучува македонската историја.
„Никаде во концепцијата не пишува дека нема да се изучува македонската историја. Интеграцијата значи модуларно поставување на секоја научна дисциплина и интеграција врз основа на теми што укажува проблемско пристапување кон секое делче што го учиме за одредена тема. Притоа, секој ученик ќе добие оценка по историја, по географија, граѓанско….“,
појасни Царовска.
Поврзани вести:
Ликовни педагози против спојување на ликовно и музичко во еден предмет