Според Управата за хидрометеоролошки работи, променливото и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд ќе се задржи до сабота, а од недела, поради продор на постудена воздушна маса од север ќе следи заладување и стабилизрање на временската состојба
Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од два до девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 15 степени.
Во Скопје се очекува слична временска состојба. Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, променливото и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд ќе се задржи до сабота, а од недела, поради продор на постудена воздушна маса од север ќе следи заладување и стабилизрање на временската состојба. Во петок се очекува да дува повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

