Четворица вработени во телевизијата Канал 5 од денеска ќе бидат во самоизолација.
Ова го соопшти новинарката Тамара Стојкова од Канал 5, која вклучувањето на прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче, не го искористи да постави прашање туку да информира за состојбата во телевизијата.
*Поврзана вест: Заев и Мицкоски во задолжителна самоизолација, имале контакт со заразен новинар
Таа упати и апел до сите да се придржуваат до препораките за спречување на коронавирусот.
*Поврзана вест: Новинарот Михајлоски во Прилеп имал контакт со член на семејството кој бил заболен од ковид-19
Филипче, дополни дека епидемиолозите се во комуникација со одговорните од телевизијата и се направени се интервјуа со сите вработени кои биле во контакт со заболениот уредник.
*Поврзана вест: И Заев е негативен на тестот за коронавирус
„На сите новинари колеги за кои се смета дека се во ризик, но не само од оваа телевизија, туку и од другите медиуми, со некои се направени интервјуа, а ќе бидат направени и во текот на утрешниот ден. Самата телевизија е детално исчистена според стандардите. Центарот за јавно здравје беше во комуникација со уредниците и за таму важат истите правила како и за останатите институции“,
рече Филипче.
*Поврзана вест: Филипче: Тестирањата на Заев и Мицкоски беа брзи зашто имаат контакти со многу луѓе