Министерството за здравство информира дека тестот за коронавирус на претседателот на политичката партија СДСМ Зоран Заев е негативен.
Утрово, министерот Венко Филипче објави дека негативен на тестот е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тие се тестирани откако со коронавирус се зарази новинарот и уредник во Канал 5 ТВ, Гоце Михајлоски, кај кого и двајцата беа на интервју минатата недела.
И Заев и Мицкоски, сепак, ќе останат во изолација додека да поминат 14 дена од првичниот контакт со заразениот.
*Поврзани вести:
Заев и Мицкоски во задолжителна самоизолација, имале контакт со заразен новинар
Заев се чувствува добро, ама ќе остане во изолација дома во Струмица
Мицкоски: До овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција
Канал 5: Новинарот Михајловски имаше еден негативен тест, немаше симптоми кога беа Заев и Мицкоски
Новинарот Михајлоски во Прилеп имал контакт со член на семејството кој бил заболен од ковид-19