Лидерот на ОМ, практично, посочува дека советничкиот паушал од Владата од околу 55 илјади денари месечно не му стигнува за патувања во странство, така што на свој трошок оди да лобира за привлекување инвестиции во земјава
Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски го предизвика денеска на ТВ-соочување лиерпт на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако опозициската партија го нападна затоа што е советник на премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека никој не знае дали и какви инвестиции донел Бошкоски во земјава, тој одговорара дека вчера бил во Загреб, а денеска во Грац, на состаноци со можни инвеститори во земјава во обновливи извори на енергија и во градежниптво и инфраструктура.
„Сето ова го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на татковината“,
пишува Бошкоски на фејсбук, во статус на кој е означен и Мицкоски.
Обрајќи му се на Мицкоски, Бошкоски забележува дека сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ „упорно и бесрамно“ тврдел дека про-боно го советувач експремиерот Никола Груевски.
„Се сеќаваш, за темава, а и други битни нешта, уште пред речиси една година те пoвикaв нa ТВ дебата – пред целaтa мaкедoнскa јавност.Па, охрабри се Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски! Можеби ќе останат изненадени членовите на ДПМНЕ зад кои сега се криеш“,
напиша Бошкоски на фејсбук.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, и денеска го критикуваа Заев за тоа што има 23 советници, кои според опозициската партија го чинеле буџетот над 240 илјади евра годишно. Исто така, партискиот портпарол Димче Арсовски му упати одговор на Бошкоски да не си ги троши залудно паритез затоа што, како што рече, во Македонија, веќе три години не влегла ниту една инвестиција.
„Се огласи еден од советниците на Заев дека на сопствен трошок имал средби со потенцијални инвеститори, а во Македонија, за жал, и за волја на вистината, нема ниту една единствена инвестиција донесено во изминативе 3 години. Ако навистина на свој трошок има средби со потенцијални инвеститори,јас топло би му препорачал да не си ги троши сопствените пари, бидејќи не може ниту една инвестиција да донесе“,
забележа Арсовски.
Бошкоски е меѓу 23 надворешни соработници на списокот на советници на премиерот, што го објави кабинетот на Заев. Бошкоски има статус на советник за странски инвестии, за што добива месечен паушал од 55, 2 илјади денари.
На обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ до премиерот и неговите соработници, од СДСМ одговорија со потсетувања дека Груевски имал многу повеќе советниц за кои се одделувале седумпати повеќе средства од буџетот.