Објавувањето на датумот на одржување на „Белград Прајд 2023“, речиси една година пред самото одржување на настанот, следува откако годинешната Парада на гордоста во Белград, која што всушност беше дел од меѓународниот настан „Европрајд 2022“ беше одржана и покрај неколкунеделните тензии, забрани и неизвесност, а беше проследена и со инциденти
Организацијата на „Белград Прајд“ од полицијата и обвинителството бара веднаш да ги пронајдат и гонат сите насилници кон учесниците на овогодинешниот „Европрајд“ и јасно да покажат дека државата има волја и сила да се справи со насилниците и да гарантира безбедност на сите

Традиционалната Парада на гордоста во Белград што треба да се одржи идната година е веќе закажана за 9 септември 2023 година. Како причина зошто настанот го пријавуваат речиси една година однапред, организаторите велат оти тоа е така за државните органи да имаат доволно време за сите подготовки за Прајдот.
„9 септември 2023 година. Се гледаме“,
стои во објавата на официјалниот фејсбук профил на Белград Прајд.
Ова следува откако годинешната Парада на гордоста во Белград, која што всушност беше дел од меѓународниот настан „Европрајд 2022“ беше одржана и покрај неколкунеделните тензии, забрани и неизвесност.
Традиционалната прошетка беше одржана во Белград на 17 септември и покрај правните потешкотии со кои се соочија организаторите, вклучително и кога Управниот суд ја одби нивната жалба по забраната на протестниот марш.
Освен правните потешкотии за одржување на годинешниот Прајд во Белград, прошетката беше проследена и од низа инциденти при што беа нападнати неколку ЛГБТИ активисти, претежно странски државјани од Албанија и Германија.
Организацијата на „Белград Прајд“ од полицијата и обвинителството бара веднаш да ги пронајдат и гонат сите насилници кон учесниците на овогодинешниот „Европрајд“ и јасно да покажат дека државата има волја и сила да се справи со насилниците и да гарантира безбедност на сите.
Овогодинешната забрана за маршот „Европрајд“ издадена од МВР, според организаторите на настанот е неприфатлива, а очекуваат Уставниот суд да ја прогласи забраната за неуставна.