На социјалните мрежи се појавија реакции на соопштението на неговата партија дека починатиот експратеник ќе биде погребан во Алејата на великаните
Амди Бајрам ќе биде погребан на муслиманска парцела позади еврејските гробишта во Бутел, велат за порталот Либертас од управата на АД Бутел.
Објаснувањето од АД Бутел следува по реакциите на социјалните мрежи на соопштението на неговата партија дека починатиот експратеник ќе биде погребан во Алејата на великаните.
Поранешниот пратеник и политичар ќе биде погребан денеска, откако почина вчера на 64-годишна возраст.
Од неговата партија, Сојузот на Ромите соопштија дека погребот ќе биде во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алејата на Великаните.
Посмртното тестирање покажало дека тој е позитивен на ковид-19, поради што од Министерството за здравство апелираат погребот да се спроведе согласно протоколите за спречување на ширењето на ковид-19, додека сите што имале контакт со починатиот поранешен пратеник да соработуваат со епидемиолозите.
Неодамна во Истанбул тој правеше свадба за внука си со повеќе од 200 гости од Македонија.