Ултиматумот на Бугарија кон Северна Македонија се рефлектира негативно и ако во моментов во Бугарија ова не е тема со која се занимаваат сите медиуми, кај нашиот братски сосед деновиве е централна тема. Бугарија се сфаќа како најнепријателска земја кон Македонија, вели бугарскиот историчар, доц. Стефан Дечев, во интервју за Медиапул.бг.
Според него, ова е уште еден знак дека Бугарија е во рацете на луѓе кои се опасни за нејзините интереси во Европската Унија.
„Ако досега мислев дека со Рамковната позиција од 9 октомври 2019 година се прави притисок за македонската страна да ги забрза преговорите во мешовитата комисија за историја, сега имам чувство дека не се знае што се прави и што сака Софија од Македонците“,
вели Дечев.
Тој додава дека ваквиот однос на Бугарија кон Македонија нема врска со принципите на Европската Унија и земјата нема никаква полза од меморандумот испратен до ЕУ.
Во декември треба да се случи и првата меѓувладината седница меѓу Македонија и ЕУ, но Дечев не е оптимист дека може да се затворат сите отворени прашања во мешовитата комисија за историја меѓу Македонија и Бугарија.
„За да има решение до декември, тие треба да сфатат дека нациите се современи феномени и дека настанале во 19 и 20 век“,
вели Дечев.
Тој се осврнува и на прашањето за Гоце Делчев и вели дека тоа треба да се реши на начин како што се решени и останати личности кои се битни за двете земји.