За утре се прогнозира променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со слаб ветер од северен правец

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд најавуваатт метеоролозите за денеска. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 степени наутро до 16 во текот на денот.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде од 11 до 17 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а до крајот на периодот ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.
