Врз основа на сегашната евиденција, врз повеќе од 80 000 геномски примероци, утврдено е дека преносливоста и сериозноста на вирусот не се променети
Денеска се заокружуваат шест месеци откако СЗО прогласи пандемија на ковид-19.
Иако организацијата првично го сметаше појавувањето на ковид-19 за пандемија со неколку жаришта, вирусот го зафати целиот свет, така што речиси нема земја во која нема заболени.
Светската здравствена организација не знае кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, но претпоставува дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, соопшти прес-службата на таа организација.
„Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата. Но можно е, со глобални напори и модерна технологија, да биде ставена под контрола за неколку години“,
се наведува во соопштението.
Од СЗО истакнуваат дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети:
- Спречување на ширење на вирусот;
- Оспособување на луѓето да се заштитат;
- Основите на јавното здравје;
- Заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.
СЗО, исто така, смета дека половина година по прогласувањето на пандемијата вирусот остана заразен на ист начин.
„Човечките вируси можат да напредуваат, да станат помалку или повеќе патогени. Врз основа на сегашната евиденција, на повеќе од 80 000 геномски примероци, утврдено е дека преносливоста и сериозноста на вирусот не се променети“,
наведува СЗО, додавајќи дека промените кај вирусот постојано се следат.
Според СЗО, иако ковид-19 е нов вирус, сега се знае многу за него.
Истражувачите во светот се во фаза на развој на повеќе од 170 потенцијални вакцини за заштита од коронавирус. Досегашната статистика покажува дека светот никогаш не бил толку обединет во обидот да се најде лек што може да спаси животи на милиони луѓе.