Претседателот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, прогласи пандемија на коронавирусот.
Тој, на денешниот редовен брифинг со новинарите во врска состојбата со вирусот Ковид-19, ги соопшти и последните бројки на заразени и починати.
„Во последните две недели бројот на заразени со коронавирусот надвор од границите на Кина се зголемува. Бројот на земји, кои пријавија случаи позитивни на овој вирус, се триплираше. Во моментов имаме 118.000 заразени во 114 држави во светот. Вкупно 4.291 лица досега ги загубија своите животи, а илјадници други се борат за своите животи низ болниците“,
рече Гебрејесус.
Тој додаде дека во следниов период се очекува борјот на заразени да се зголемува.