По долг период во Пехчево се регистрирани два нови случаи на новиот коронавирус. Според податоците на денешната статистика објавена од Министерството за здравство, во изминатото деноноќие во овој град се потврдени два случаи на ковид-19.
Од почетокот на епидемијата во земјава, во Пехчево се дијагностицирани вкупно осум лица со коронавирусот, а од нив во моментов се активни два.
Пехчево, заедно со Делчево (7), Дојран (7), Валандово (8), Македонска Каменица (4), Богданци (4) е меѓу градовите во земјава со најмалку регистрирнаи случаи на ковид-19.
