Според последната статистика на Министерството за здравство за состојбата со ковид, денеска има 368 оздравени пациенти. Од нив, 117 се од Скопје, 60 од Дебар, а бројот на оздравени пациенти е зголемен и во Гостивар – 42, Куманово – 34 и Тетово – 32.
Со ова во Скопје бројот на активни случаи падна под 1 000, односно сега има вкупно 986 активни случаи со ковид-19. Во дебар има 65 активни случаи, а во Куманово 243. Во Гостивар во моментот позитивни на новиот коронавирус се вкупно 264, а во Тетово 156 пациенти.
Во графата на оздравени денеска има 18 во Штип со што останаа 293 активни случаи. Во Струмица оздравени се 13 пациенти, а уште 20 се активни во моментот. Во Свети николе денеска се регистрирани оздравени 16 пациенти, а има уште 67 активни случаи.
Во последните 24 часа оздравени пациенти има и во Крива Паланка – 9, во Прилеп и Кавадарци по пет, во Неготино и Пробиштип по три, во Кочани и Гевгелија по два и по еден во Радовиш, Крушево, Македонски Брод, Берово, Виница, Кичево и Ресен.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12 515, бројката на оздравени пациенти е 9 030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 950. Целосната статистика на дијагностицирани и активни случаи може да се види тука.