Во Скопје од почетокот на епидмеијата предизвикана од ковид-19 се регистрирани вкупно 5 325 случаи, од нив во моментов активни се 986. Скопје речиси секојдневно, во дневната статистика на Министерството за здравство за состојбата за ковид, е град со најмногу нови регистрирани случаи, но и со најмногу оздравени. Денеска од вкупно 160 нови случаи, во Скопје има 38, а од 386 оздравени во Скопје се дури 117.
Во главниот град во моментот има четири општини со по над 100 активни случаи. Најмногу има во Чаир -138 и Аеродром – 125, а во Гази Баба и Карпош, 112 односно 103.
Во опптина Центар активни се 86 случаи, а по бројот на истите следна е Кисела Вода со 81 активен случај на ковид.
Во Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Бутел во моментот има по над 60 случаи или: Ѓорче Петров – 69, Шуто Оризари – 67 и Бутел – 66. Во Сарај активни се 35, а во Студеничани 32.
Во Арачиново има 18 активни случаи на ковид, а во Илинден за еден помалку или 17, додека пак, во Сопиште има 12 активни.
Со едноцифрени броеви на активн ислучаи се скопските општини: Чучер Сандево – 9, Зелениково- 6 и Петровец – 5.
Во денешната статистика на Министерството за здравство, на територијата на Скопје се регистрирани и тројца странци, а две лица сè уште се нераспределени.