Според иранските државни медиуми, експлозии се регистрирани во Бандар Абас, на островите Киш и Кешм, како и на повеќе локации во покраината Хузестан, во југозападниот дел на земјата, во близина на границата со Ирак
Американската војска, пак, соопшти дека Техеран вчера лансирал повеќе балистички ракети кон американските сили распоредени на Блискиот Исток. Според ЦЕНТКОМ, сите ракети биле успешно пресретнати, без да се прецизира кои биле нивните цели
Американската војска во текот на ноќта изврши серија напади врз цели во Иран, како одговор на вчерашниот обид за ирански ракетен напад врз американските сили стационирани на Блискиот Исток, пренесува Си-ен-ен.
Станува збор за први директни американски напади врз Иран по неколкудневен прекин, кои следуваат по предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе одговорат на обидот за ирански ракетен напад врз американските сили на Блискиот Исток.

Како што објави Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа Икс, цел на нападите биле командни центри, погони за производство на балистички ракети и беспилотни летала, објекти за крајбрежен надзор и одбрана, како и поморски средства.
„Операцијата претставува директен и силен одговор на иранската агресија во регионот“,
се вели во соопштението.
U.S. forces began launching strikes against Iran at 8 p.m. ET today. The strikes are a powerful response to yesterday's attempted Iranian attacks on U.S. forces based in the Middle East.
— U.S. Central Command (@CENTCOM) July 30, 2026
Според иранските државни медиуми, експлозии се регистрирани во Бандар Абас, на островите Киш и Кешм, како и на повеќе локации во покраината Хузестан, во југозападниот дел на земјата, во близина на границата со Ирак.
Американската војска, пак, соопшти дека Техеран вчера лансирал повеќе балистички ракети кон американските сили распоредени на Блискиот Исток. Според ЦЕНТКОМ, сите ракети биле успешно пресретнати, без да се прецизира кои биле нивните цели.
Од друга страна, иранската државна телевизија, повикувајќи се на соопштение од ИРГЦ, објави дека цел на нападот била американска воена база во Јордан.
Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале пет балистички ракети истрелани од Иран.
Набргу потоа, американските сили, заедно со Саудиска Арабија, извршија напади врз цели во Ирак.
Според ЦЕНТКОМ, цел биле, како што ги опиша, „терористички групи“ поддржани од Иран, а операцијата била одговор на повеќе од 30 напади со беспилотни летала, за кои Вашингтон ја обвинува Иранската револуционерна гарда.
Инаку, иранската војска пред неколку дена соопшти дека Техеран ги прекинал нападите врз своите соседи во Персискиот Залив откако САД го запреле бомбардирањето на иранска територија.
Потоа, и САД ги запреа нападите врз Иран по речиси двонеделното последователно бомбардирање. Одлуката следува откако потпретседателот Џеј-Ди Венс и претседателот на Здружениот генералштаб, генерал Ден Кејн, за време на состанок во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, изразиле загриженост оти натамошните напади би можеле да доведат до опасна ескалација на конфликтот.
