Владата решила да се откаже од задолжување на меѓународниот финансиски пазар од 400 милиони евра, како што најави, и оди директно на издавање на еврообврзница. Ова денеска го соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Таа претходно објаснуваше дека задолжувањето од 400 милиони евра кај комерцијалните банки ќе биде во форма на „bridge to bond facility“ или задолжување до издавање обврзница за да се задоволат итните потреби на буџетот.
Ангеловска ја објаснува промената во стратегијата со очекувањето да се стабилизираат пазите на капитал.
„Тој процес е започнат. Тоа значи дека се подготвуваат сите институции, се прават потребните документи и се следи пазарот. Тој процес трае 45 до 60 дена, што ни дава право, кога ќе одлучиме дека е најдобро, согласно движењата на пазарот, дека е најсоодветно да се излезе на тој пазар“,
изјави денеска министерката за финансии.
Една од причините за промена во пристапот можеби е и тоа што ММФ одобри помош од 176 милиони евра за земјава наспроти првично очекуваните околу 85 милиони. Исто така, од Светска банка се најавуваат кредити од околу 140 милиони евра.
*поврзана вест УЈП: Пад на приходите во буџетот од 12,28% во март и 38,15% во првата половина од април
*поврзана вест Каматите на кредитите никаде не се простуваат, порача Ангеловска и најави 3 сценарија за последиците врз економијата