Опозицијата во РС со денови бара да се повтори пребројувањето на гласовите и стои на ставот дека нивната кандидатка за претседател на РС, Јелена Тривиќ, е победничката на изборите
На итната седница на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина е донесена одлука за пребројување на ливчињата за претседател на РС поради неправилности и математички нелогичности, информира „Дневни аваз“.
Утрово ЦИК одржа колегиум на кој разгледуваше забелешки и приговори за изборниот процес во Република Српска за претседател и потпретседател на РС. Имавме материјални докази и видеоматеријали каде што процесот несомнено беше контаминиран, така што не можеше да се дадат резултатите од изборите. Централната изборна комисија одлучи да издаде наредба: Централната изборна комисија по службена должност му наредува на главниот центар за броење гласови да ги отвори вреќите и повторно да ги преброи гласачките ливчиња, како и гласачките ливчиња во округот Брчко за претседател на РС“,
рече претседателот на ЦИК, Суад Арнаутовиќ.
Опозицијата во РС со денови бара да се повтори пребројувањето на гласовите и стои на ставот дека нивната кандидатка за претседател на РС, Јелена Тривиќ, е победничката на изборите.
Претседателот на СНСД и кандидат за претседател на Република Српска, Милорад Додик, им порача на опозициските партии: „Кој губи има право да се лути“.
Според него, сè се одвивало мирно на изборите. Коментирајќи ги протестите на опозицијата поради наводни кражби на изборите, рече дека е убеден оти тоа е создавање атмосфера која воопшто не постои.