Русија, која ја дели границата со Финска, пак, остро реагираше. Кремљ ова го оцени како „Закана на Русија“, а премиерот Дмитриј Медведев рече дека се зголемува веројатноста за отворен конфликт помеѓу НАТО и Русија со ризик за нуклеарна војна. Последно реагираше и руското МНР велејќи дека ќе мора да преземе одмазднички „воено-технички чекори“
Покрај Финска, се поблиску до членство во НАТО е и Шведска. Како што објавија тамошните медиуми, шведската Влада планира веќе следната недела да испрати барање за членство во Алијансата

Германија и Франција ја поздравија и поддржаа одлуката на државниот врв на Финска да побара членство во НАТО, додека од Русија, пак, само во текот на денот имаше неколку остри реакции.
Германскиот канцелар Олаф Шолц на Твитер објави дека разговарал со финскиот претседател Саули Нинисто во кој го уверил дека Финска ја има целосната поддршка од федералната германска влада.
Поддршка попладнево стигна и од францускиот претседател Емануел Макрон кој, исто така, разговарал со Нинисто.
„Претседателот вели дека Франција целосно го поддржува суверениот избор на Финска за брзо приклучување кон НАТО“,
соопштија од кабинетот на Макрон по телефонскиот разговор.
Пресвртот во безбедносната политика на Финска доаѓа поради руската инвазија на Украина. Покрај одлуката на државниот врв, за разлика од периодот пред војната, сега и мнозинството граѓани поддржуваат зачленување на нивната земја во Алијансата.
Русија, која ја дели границата со Финска, пак, остро реагираше. Кремљ ова го оцени како „закана на Русија“, а премиерот Дмитриј Медведев рече дека се зголемува веројатноста за отворен конфликт помеѓу НАТО и Русија со ризик за нуклеарна војна.
Последно реагираше и руското МНР велејќи дека ќе мора да преземе „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска да стане членка на НАТО.
Оттаму оценија дека ова „ќе предизвика сериозна штета на руско-финските односи, како и на стабилноста и безбедноста во северна Европа“.
„Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори од воено-техничка и од друга природа, со цел да ги запре заканите за нејзината национална безбедност што се појавуваат во овој поглед“,
пишува во соопштението.
Исто така додаваат и дека Финска, иако има право да одлучува за начините за обезбедување на сопствената безбедност, „мора да биде свесна за својата одговорност и за последиците од таквиот потег“.
Покрај Финска, сè поблиску до членство во НАТО е и Шведска. Како што објавија тамошните медиуми, шведската Влада планира веќе следната недела да испрати барање за членство во Алијансата.
