Лидија Димова беше разрешена по само една прес-конференција на ДКСК, забележува Миша Поповиќ, постар истражувач во Институтот за демократија на теми поврзани со антикорупција
Каков дополнителен доказ треба да прикаже редакцијата на „360 степени“ за актуелниот секретар во владиниот кабинет Драги Рашковски да биде сменет.
Ова е една од реакциите на социјалните мрежи по сториите што ги објави „360 степени“ поврзани со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој го набавил Рашковски во времето кога беше генерален секретар на Владата.
Миша Поповиќ, постар истражувач во Институтот за демократија за теми поврзани со антикорупција, направи и споредба со брзото разрешувањето на Лидија Димова од директорската функција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
„Владата ја смени Лидија Димова после една прес-конференција на ДКСК. Јас не знам што треба редакцијата на ‘360 степени’ да направи, кој дополнителен доказ да го прикаже во случајот, за Драги Рашковски за да биде сменет“,
напиша Поповиќ на Фејсбук.

„360 степени“ пред една недела ја објави првата сторија поврзана со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра, кој Рашковски го набавил за потребите на Министерството за внатрешни работи, а оттаму велат дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба.
Подоцна, „360 степени“ откри дека токму Рашковски е автор на таков сличен софтвер, а во третата од низата стории на оваа тема објавени се нови спорни околности околу овој случај.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, рече дека она што беше изнесено од страна на нашата редакција поставило добра основа за тие да отворат предмет.
„Беа изнесени многу солидни наоди коишто вредат да се проверат. Што е многу важно и најважно за нас е како се трошат буџетските средства, дали се трошат наменски или не се трошат наменски. Како е утврдена потребата. Збунува моментот што од една страна е купен софтвер со намена да го користи друга институција, од друга страна, таа институција кажува дека тој софтвер ѝ е непотребен“,
изјави Ивановска.
*Сите стории поврзани со набавката на софтверот може да се прочитаат на следниве линкови:
(ВИДЕО) Рашковски прво го платил софтверот, па дури потоа го тестирал