Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека нема раздор во партијата и дека парламентарното мнозинство е стабилно и покрај тоа што пред два дена досегашниот координатор на пратеничката група Изет Меџити се повлече од таа должност, а на негово место дојде Арбр Адеми.
- Меџити го извести Џафери: Давам оставка од координатор на пратеничката група на ДУИ
- Арбер Адеми на местото на Изет Меџити
Ахмети изјавите за медиумите ги даде на настан на кој се одбележува 40-годишнината од студентските демонстрации во Приштина. На настанот не присуствуваше Меџити, а лидерот на ДУИ рече дека тој сигурно имал некои обврски.

„Тука беа пратеници, министри и повеќето беа присутни. Нема друга причина, нешто вонредно во тоа што не беше присутен. Парламентарното мнозинство навистина е стабилно, значи нема нешто загрижувачко внатре во тој дел“,
изјави Ахмети.
Парламентот не е блокиран, тврди тој, освен некои закони кои опозициските партии ги блокирале во комисиите.
- Меџити: Ги поддржувам политиките на ДУИ, но кајшто ќе оценам дека нешто не е во ред ќе гласам против
- Груби има повеќе функции отколку што има капацитет, вели Меџити
- Превирањата во ДУИ го кочат и кворумот: Меџити со отсуствата го надмина и лидерот Ахмети
- Сите од ДУИ дојдоа на гласање, ама кворумот „падна“ поради тројца пратеници од СДСМ – позитивни и сомнителен на ковид-19