Секоја од вакцините против коронавирусот е различна и произведува имунолошки одговор во различно време. Во светот во моментов има неколку вакцини кои најмногу се користат: “Фајзер“, руската „Спутник В“, кинеската „Синофарм“ и „Астра Зенека“
По вакцинацијата, секој е нестрплив да види дали конечно е заштитен од ковид. А таков „доказ“ може да се добие преку лабораториска проверка на антитела.
Но кога треба да се направи тоа, веднаш или по извесен период?
Секоја од вакцините против коронавирусот е различна и произведува имунолошки одговор во различно време. Во светот во моментов има неколку вакцини кои најмногу се користат: „Фајзер“, руската „Спутник В“, кинеската „Синофарм“ и „Астра Зенека“. Еве кога се појавува имунолошкиот одговор кај секоја од нив.
„Фајзер“ – седум дена по втората доза
Кај вакцината на американско-германските призводтели “Фајзер/Бионтек“, ситуацијата е најјасна бидејќи се знае кога се стекнува имунитет и дека се добива најбрзо во однос на другите вакцини.
Досегашните клинички испитувања покажуваат дали луѓето кои примиле вакцина имаат помала веројатност да заболат од ковид, отколку оние кои примиле палцебо. Во рамките на овие студии, испитаниците се следат и заклучено е дека со вакцината ‘Фајзер’, веќе по 14 дена од првата доза, постои одреден степен на заштита, односно дека помалку луѓе заболуваат во групата што примила вакцина, а не плацебо.
Научниците ги следеле испитаниците и откако ја примиле втората доза на 21 ден по првата, и се покажало дека со „Фајзер“ се добива целосен имунитет седум дена по втората доза.
Инаку, „Фајзер“ ги објави своите резултати во престижни научни списанија.
„Спутник В“ – 15 дена од втората доза
Податоците покажуваат дека имунитетоти со руската вакцина се стекнува релативно брзо.
Максималното ниво на заштита кај лицата кои ја примиле оваа вакцина започнува околу 15-тиот ден од втората доза. Со руската вакцина не е сè најјасно, но нивните експерти велат дека од тој 15-ти ден е забележана ефикасност од 91,4 проценти, велат имунолозите.
„Синофарм“ – 21 ден од втората доза
Врз основа на она што доаѓа од производителот, вакцината „Синофарм“ е ефикасна 76 проценти, но се чини дека имунитетот се стекнува нешто подоцна отколку со другите вакцини. Само 18 проценти од оние кои примиле „Синофарм“ пројавиле антитела седмиот ден по првата доза. Седум дена по втората доза, забележано е зголемување на синтезата на антитела, но не е познато кога тој целосен имунитет е приближно стекнат по втората доза. Засега се претпоставува дека е околу 40 дена од првата доза, т.е. три недели од втората доза.
„Астра Зенека“ – непозната
За вакцината „Астра Зенека“ која од неодамна почна да се дистрибуира помасовно, засега не е познато со сигурност кога се создава имунитет на ковид по примањето.
Од компанијата постојано го продолжуваа тој период: прво беше помеѓу двете дози да поминат четири недели, потоа осум недели, а сега велат дека за најдобри резултати, потребно е да поминат 12 недели помеѓу две дози за да се создаде целосен имунитет.
За оваа вакцина исто така се вели дека е малку пониска од другите, околу 78 проценти, но за експертите и тоа е прашање, бидејќи сè зависи од тоа како се спроведува истражувањето, па затоа не мора да значи дека ефикасноста е навистина пониска во реалноста.
Сепак, она што сите експерти без исклучок го нагласуваат е дека сите овие вакцини што ни се достапни се задоволително ефикасни и притоа прават споредба со вакцината против грип, на пример, која и по толку години постоење е ефикасна околу 50 проценти.