Од иницијативниот одбор за вонреден когрес на ВМРО-ДПМНЕ велат дека подготовките течат и засега, според планот, вонредниот конгрес ќе се одржи на 28 март, иако се случува во момент кога главниот иницијатор за промени во партијата, Сашо Мијалков, е во бегство.
За Телма, тие велат дека бегството на Мијалков нема да има никакво влијание на конгресот и дека сите делегати ќе бидат присутни.
„Конгресот ќе го одржиме. Нема причина за какво било одложување. Течат сите подготовки. Иницијативниот одбор ги следи случувањата и за секоја нова одлука која ќе биде донесена ќе ја информираме јавност“,
вели за Телма, Ивица Конески од иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.
Од иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ пред десетина дена соопштија дека закажале одржување конгрес на 28 март во Скопје. Како главни точки, членовите од овој одбор ги најавуваат отчет за сработеното на Христијан Мицкоски, како и гласање доверба.
Според нив, тие успеале да обезбедат поддршка од мнозинството делегати кои гласале на конгресот кога беше избран Мицкоски за претседател.
Од ВМРО-ДПМНЕ е пак, закажаа редовне конгрес кој треба да се одржи во ноември годинава.