Претседателот, Стево Пендаровски, на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ во Братислава се сретна со Светлана Тихановскаја, која е главната опонентка на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и лидерка на опозицијата која се залага за уривање на режимот наЛукашенко.

Честитки за добиената награда од Globsec, на Светлана Тихановскаја, симболот на борбата за слобода и демократија на народот на Белорусија. #GLOBSEC2020
Posted by Stevo Pendarovski on Thursday, October 8, 2020
„Честитки за добиената награда од Globsec, на Светлана Тихановскаја, симболот на борбата за слобода и демократија на народот на Белорусија“,
напиша Пендаровски на својот официјален Фејсбук профил каде сподели и фотографија о Тихановскаја, на која се поздравуваат во согласност со мерките за заштита од ковид.

Тихановскаја која се наоѓа во егзил по изборите во Белорусија во август, кога му се спротивстави на Лукашенко, вчера ја прими овогодишната Трансатлантска награда што се доделува на глобалниот безбедносен самит.