Лидерката на опозицијата во Белорусија Светлана Тихановскаја ја напушти земјата и замина во Литванија, откако протестите по прогласувањето на победата на актуелниот претседател Александар Лукашенко се претворија со масовни судири со полицијата.
Тихановскаја веднаш го оспори изборниот резултат нарекувајќи го лажиран.
Веста за бегството на Тихановскаја во Литванија ја потврди литванскиот министер за надворешни работи Линас Линквесијус.
Во видеото објавено на јутјуб, Тихановскаја вели дека донела тешка одлука во полза на безбендоста на своите деца, бидејќи во земјатасе врши репресија на демонстрантите.
„Сама ја донесов оваа одлука и знам дека многумина ќе ме осудат, ќе ме мразат“,
вели Тихановскаја, која за само неколку недели на општо изненадување успеа да обезбеди поддршка од многумина против власта на Лукашенко.
Два дена во Минск и уште десетици градови се одржуваат масовни демонстрации против изборната победа на Лукашенко кој според изборната комиија во неделата е избран за шести мандат со над 80 проценти од гласовите.
Спонтаните демонстрации со судири со полицијата започнаа во неделата навечер по објавувањето на резултатите. Тихановскаја не се приклучи на синоќешните протести за, како што рече да не предизвикува провокации.
Ноќеска таа испрати порака преку телеграм дека е добро, но дури до потврдата на информацијата дека е во Литванија, постоел сомнеж за автентичноста на пораката.