Земјотрес со јачина од 5.9 по Рихтеровата скала вечерва повторно ја стресе Грција во близина на Лариса.
M5.9 #earthquake (#σεισμός) strikes 120 km SW of #Thessaloníki (#Greece) 15 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/7UK6QZ88Jg
— EMSC (@LastQuake) March 4, 2021
Според информациите на Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 30 километри од Лариса во 18:38 часот по средноевропско време на длабочина од 11 километри.
Овој дел на Грција во последните два дена го погодија серија земјотреси, од кои двата најсилни со јачина од 6.1 и 5.1 степени според Рихтер. И двата земјотреси беа почувствувани во целиот регион.