Потресот е почувствува и во југозападниот регион од нашата земја
Силен земјотрес е регистриран претпладнево во централниот дел на Грција.
Како што јави дописничката МИА од Атина, епицентарот бил во близина на грчкиот град Лариса, а се почувствувал во централниот и северниот дел на земјата.
Земјотресот се почувствувал и во југозападниот регион од нашата земја, но и во Скопје.
Според Европскиот макросеизмички центар, земјотресот бил со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала и со епицентар на длабочина од 10 километри.