Како претседател на ПЦЕР, тој со години беше активен во политичкиот живот застапувајќи ги правата и интересите на ромската заедница
Почина Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието и ексминистер без ресор. Веста за неговата смрт ја објави порталот „Рома прес“ на својот фејсбук-профил.

Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и еден од политичките претставници на ромската заедница во Северна Македонија.
Во текот на својата кариера беше пратеник во македонското Собрание, а извршуваше и функција министер без ресор во Владата.
Тој беше и заменик-министер за труд и социјална политика од 2004 до 2006 година.
Како претседател на ПЦЕР, тој со години беше активен во политичкиот живот застапувајќи ги правата и интересите на ромската заедница.
