Министерството за здравство ја заврши постапката за набавка на респиратори, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Тој соопшти дека од 9 економски оператори кои поднеле понуди, два ги исполнуваат условите за краток рок на набавка, како и други критериуми. Еден дел од респираторите би пристигнале во следните 7 дена, а останатите од вкупно 31, колку што се набавуваат, ќе пристигнат во следните 30 дена.
Со тоа, како што рече Филипче, ќе се дополни моменталниот капацитет во институциите кои се предвидени за лекување на пациенти со ковид-19.
Поврзана вест
Се отвораат понудите за набавка на респиратори, предност ќе се даде на рокот на испорака