Објавените разговори каде се слуша и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се сериозна потврда за криминал и незаконско финансирање на партијата. Очекувам сериозна истрага за да се дојде до разрешница и носење одговорност, порача претседателот Зоран Заев во изјава за Канал 5.
„Ова што го слушаме овие денови од објавени разговори се сериозна потврда за криминал, за криминално финансирање на политички партии и незаконско финансирање на кампањи. Јас верувам дека ќе се отворат сериозни истраги за ова, заради тоа што нелегално финансирање на политички партии можат да предизвикатт невидени криминални активности. СДСМ е транспарентна политичка партија, својот начин на финансирање јавно го објавува, а како последици на спрегите Камчев-Груевски-Мицкоски, во овој период можеме да видиме како тие си ја финансирале кампањата, а за возврат на тоа некој да го блокира Законот за Јавно обвинителство или да има намера да го уништи Специјалното јавно обвинителство, а се со конечна цел да спаси предмет како што е „Империја“ или господинот Камчев. Ова се сериозни удари врз правосудството, посебно од некој кој што е аспирант за премиер, тоа е не е дозволиво никаде во светот и не e дозволиво и во нашата земја“,
порача Заев.
Тој претходно ги демантираше обвинувањата на Мицкоски дека СДСМ ги монтира и објавува аудиоматеријалите заради политички поени и рече дека најверојатно тоа го направил некој од лицата што биле на состанокот со Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, денеска го повикаа обвинителството да покрене истрага за снимката што попладнево беше објавенa на Јутјуб, а во којa се споменува Заев и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.