Ги стегнавме институциите да си ја завршат работата. Кога гледате дека нема сериозен успех или посветеност, мора да тропнете на маса, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Слободен печат“ коментирајќи го бегството и враќањето на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.
„Знаете како, обично службите Агенцијата за национална безбедност е институција што работи дома, Агенцијата за разузнавање е за надвор. И сега викаат абе којзнае на кој континент е, ибегал, па бил во Белград итн…зошто? Така тие нема да работат, ако е надвор нема што да работат. Ало, не е надвор, тука е! Да си ја завршите работата“,
рече Заев.
Тој рече дека како претседател на Владата извекол поуки од бегството на експремиерот Никола Груевски и дека се што тогаш можеби можело да се направи, било преземено сега со цел враќање на Мијалков.
Заев рече дека очекува истрагата во обвинителството да ги покаже и евентуалните пропусти кај институциите.
„Кога соопштија дека Мијалков не е пронајден, прво чувствував одговорност од мене па до сите. Убаво е што има истрага, бидејќи системот можеби некаде има маани. Јас лично многу научив од бегството на Груевски, тоа што тогаш можеше да се направи го направивме сега….Ми замеруваат дека сум кроток мирен, но знам кога да се тропне на маса. Дефинитивно кога гледате нема сериозен успех, посветено и тропате на маса, тука се знаеше, влада ќе падне. Ќе продаваме прочистување на судството, избега Грувски, па Мијалков и што? Така што, или ќе ја завршите работата за тоа што ве плаќа народот сто отсто по закон , или си одите до четврток сабајле, а петок-сабота веројатно јас. И ќе дојде ново дете, што вика Цацко. Тоа е во демократијата “,
рече Заев.