Во ситуација кога ДУИ го изгубила оправдувањето да биде на власт и да излезе на избори за да ги побара гласовите на Албанците, единственото алиби за да го направи тоа, е токму ова – се обединиле македонските партии за да ја отстранат ДУИ од владата и дајте Албанци, да се мобилизираме за да ја поддржиме ДУИ затоа што против ДУИ се македонските партии – ја образложи својата теза лидерот на Движењето БЕСА во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат
Информацијата дека се договараат избори напролет по кои ќе се формира заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, беше добра пропагандна тактика на Демократската унија за интеграција, вели лидерот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами.

Во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, прашан дали од која било страна бил информиран дека Зоран Заев и Христијан Мицкоски подготвуваат сценарио со кое „интегративците“ на Али Ахмети би биле исклучени од власта по следните избори, Касами одговори:
„Ниту треба да ме информира, затоа што ценам дека тоа беше добра ПР-тактика на ДУИ. Имајте предвид дека во ситуација кога ДУИ го изгубила оправдувањето да биде на власт и да излезе на избори за да ги побара гласовите на Албанците, единственото алиби за да го направи тоа, е токму ова – се обединиле македонските партии за да ја отстранат ДУИ од владата и дајте Албанци, да се мобилизираме за да ја поддржиме ДУИ затоа што против ДУИ се македонските партии. Реалноста е спротивна“.
рече Касами.
Лидерот на БЕСА вели дека оваа своја теза не ја проверил само со обични граѓани туку и со познавачи на политичките околности.
„Зборуваме за политичка партија која им одговара на македонските политички елити затоа што го нема артикулирањето на албанското прашање како приоритет туку приоритет е нејзиното останување на власт. Целта на ДУИ на чело со Али Ахмети и Артан Груби е да остане на власт“,
рече Касами во „360 степени“.