Според ДИК, до 15 часот гласале 5 064 граѓани на сите 24 избирачки места во општината што е излезност од 31,17 проценти. Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до истиот временски пресек гласале 4 932 избирачи, излезноста е зголемена за 0,62 проценти

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека гласањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без забележани потешкотии.
Според ДИК, до 15 часот гласале 5 064 граѓани на сите 24 избирачки места во општината што е излезност од 31,17 проценти. Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до истиот временски пресек гласале 4 932 избирачи, излезноста е зголемена за 0,62 проценти.
ДИК информираше дека досега се поднесени седум приговори, од кои два се усвоени и избирачите го добиле своето избирачко право, еден е одбиен како неоснован, додека четири се во постапка на разгледување.
Во избирачкиот список се запишани вкупно 16 256 избирачи од десетте населени места во општината, од кои 449 се на привремена работа во странство, а девет лица се евидентирани во затвор или притвор.
Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник на предвремени локални избори распишани по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава.
