Дронот, како што изјави албанскиот премиер, бил неутрализиран пред два дена и имал намера да го запали дворот на владината зграда и потенцијално да нанесе сериозна штета. Тој не ги идентификуваше поединците или групите осомничени за инцидентот, ниту пак даде докази за своите тврдења. Но, рече: „Ова е странска рака.“
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека властите неутрализирале дрон со експлозив, за кој тврди дека бил насочен кон владината зграда во Тирана. Неговата изјава доаѓа во момент кога главниот град на Албанија се соочува со неколкудневни протести, кои ескалираа во насилни демонстрации и судири со полицијата.

Рама во своето обраќање обвини дека странски актери и екстремискички групи се вмешани и ги поттикнуваат насилните антивладини протести. Ги посочи Русија, Иран, движењето „Антифа“, политичките и верските екстремисти, како и лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, како дел од сложена мрежа на влијанија што ги поттикнуваат демонстрантите. Нивната цел, според Рама, е да поттикнат насилство и да шират дезинформации.
Дронот, како што изјави албанскиот премиер, бил неутрализиран пред два дена и имал намера да го запали дворот на владината зграда и потенцијално да нанесе сериозна штета. Тој не ги идентификуваше поединците или групите осомничени за инцидентот, ниту пак даде докази за своите тврдења. Но, рече:
„Ова е странска рака.“
Според него, ваква операција не би можела да биде организирана од студентите кои протестираат. Иако призна дека младите се незадоволни и бараат промени, рече дека протестите се користат од организирани групи. Рама ја изрази својата подготвеност да се вклучи во дијалог со студентите и граѓаните, поканувајќи ги да разговараат за нивните барања во зградата на Владата, на универзитетите или на друго место.
