Тој изјави дека постоела можност за средба со премиерот на Косово Албин Курти, кој исто така е во Париз како учесник на Мировниот форум, но дека не верува оти тоа ќе се случи
Како што истакна Вучиќ со Макрон било разговарано и за враќање на Србите во косовските институции, но, додаде, дека тие нема да се вратат додека не се исполнат условите поставени од нив, односно повлекување на одлуката на Приштина за регистарските таблички и формирање на Заедница на српските општини
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска по средбата францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека разговарале за ситуацијата на Косово и дека на Макрон му предал документи кои ги потврдуваат позициите на Србија.

„Зборував за желбата да се стабилизира ситуацијата, но и за фрустрацијата на нашиот народ затоа што нешто не е исполнето 10 години“,
рече Вучиќ.
Тој изјави дека постоела можност за средба со премиерот на Косово Албин Курти, кој исто така е во Париз како учесник на Мировниот форум, но дека не верува оти тоа ќе се случи.
Како што истакна Вучиќ со Макрон било разговарано и за враќање на Србите во косовските институции, но, додаде, дека тие нема да се вратат додека не се исполнат условите поставени од нив, односно повлекување на одлуката на Приштина за регистарските таблички и формирање на Заедница на српските општини.
„Србите јасно кажаа кои се нашите барања. Никогаш не сум оптимист, имав добра средба во однос на билатералните односи, зборувам за Франција. А кога е во прашање Приштина, не сум оптимист. Донесов документи за табличките и му ги покажав на Макрон. Нема да го дозволат затоа што еднострано го откажаа во 2020. Само барам она што пишува“,
рече Вучиќ.

Тој додаде дека во август во Брисел се зборувало за претстојниот проблем со личните карти и регистарските таблички.
„Србија тогаш за личните карти предложи нешто што не ни е лесно, но е во рамките на нашата политика и Отворен Балкан и се друго што е невозможно некој да одбие, да се надмине таа ситуација“,
изјави Вучиќ.
Прашан дали на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон се разговарало за француско-германскиот предлог кој според шпекулациите во јавноста предвидува одредени решенија за косовското прашање, Вучиќ рече дека Србија „одговорила на нон-пејпер со нон-пејпер“, потсетувајќи дека неколку дена претходно испратил официјален одговор на тој предлог.
Српскиот претседател додаде дека очекува Макрон да го посети Белград следната година и оти верува дека можат „да потпишат големи работи“ кога тој ќе ја посети српската престолнина.
Во врска со евентуално воведување санкции за Русија тој нагласи дека Србија можеби ќе успее да го промени ставот само доколку, како што рече, „Дамоклов меч буквално ѝ виси над глава“.
Според него, во моментот не е таква ситуацијата.
Шефот на европската дипломатија и безбедносна политика Жозеп Борел утре во Париз ќе има одвоени средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, потврди денеска претставникот на Европската Унија (ЕУ) Петер Стано.
Средбите доаѓа како резултат на кризата на северот на Косово, каде припадниците на српската заедница ги напуштија косовските институции, откако беше суспендиран директорот на полицијата за северниот регион Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на Владата на Косово за пререгистрација на автомобилите издадени од Србија за градовите во Косово.
По тој потег српските функционери поднесоа оставки од косовските институции.