До петок ќе биде променливо облачно и постудено, а во текот на викендот се очекува сончево време со мала до умерена облачност
Променливо облачно и постудено – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурите ќе се движат од минимални 2 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 8 до 18 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 10 до максимални 15 степени.
До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Во текот на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
