На денешната седница Врховен, како што соопштија оттаму, во целост ја потврдил пресудата на Апелацискиот суд Скопје, со која им беа одбиени жалбите на Алил Демири и на браќата Алил и Африм Исмаиловиќ и им беше потврдена првостепената пресуда со која беа осудени на доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смилковско Езеро
Инаку, на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ им се судеше во отсуство бидејќи се во бегство во Косово, а властите во Приштина со години одбиваат да ги испорачаат во земјава. Демири на 24 август беше уапсен од косовската полиција врз основа на издадената меѓународна потерница од македонските власти за кривичното дело тероризам, односно за петкратното убиство. Тој беше изведен пред надележeн судија во Приштина, но уште следниот ден повторно се најде на слобода
Врховниот суд денеска донесе пресуда со која ги одби како неосновани жалбите на тројца од обвинетите во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилсковско Езеро кое се случи во април 2012 година.
На денешната седница Врховен, како што соопштија оттаму, во целост ја потврдил пресудата на Апелацискиот суд Скопје, со која, исто така, им беа одбиени жалбите на Алил Демири и на браќата Алил и Африм Исмаиловиќ и им беше потврдена првостепената пресуда.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи во случајот познат во јавноста како ‘Монструм’, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаната седница на ден 15.09.2023 година, донесе пресуда ВКЖ2-33/22 со која жалбите на обвинетите А. Д., А. И., и А. И. ги одби како неосновани и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-109/21 од 31.03.2022 година, ја потврди во целост“,
се наведува во соопштението на Врховниот суд, објавено на неговата официјална интернет-страница.
Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ со првостепената пресуда која ја потврди Апелација беа осудени на доживотни затворски казни за грозоморното убиство кај Смилковско Езеро. Првостепената пресуда Апелацискиот суд единствено ја преиначи само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите. Со правосилна пресуда на Апелација беше потврдена и казната за Хаки Азири, кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствeно обвинетиот Сами Љута.
Инаку, на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ им се судеше во отсуство бидејќи се во бегство во Косово, а властите во Приштина со години одбиваат да ги испорачаат во земјава.
Демири на 24 август беше уапсен од косовската полиција врз основа на издадената меѓународна потерница од македонските власти за кривичното дело тероризам, односно за петкратното убиство. Тој беше изведен пред надележeн судија во Приштина, но уште следниот ден повторно се најде на слобода.
За Демири и Исмаиловиќ екстрадиција беше побарана уште во март 2013 година, но барањето беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015, која беше потврдена и од Апелацискиот суд на Косово во 2016 година.
Македонското Министерство за правда во 2018 година повторно иницира барање за екстрадиција, кое, како што соопштија од Министерството по последното апсење на Демири, сè уште е активно.
„За лицето Алил Демири побарани се две екстрадиции. Првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.3.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелацискиот суд во Косово во јануари 2016 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана на 5.9.2018 година. Во постапките сѐ што беше побарано од косовските власти беше доставено. Одговор за екстрадицијата од 2018 година не е добиен“,
соопштија минатиот месец од Правда.
На обвинетите во случајот „Монструм“ им се судеше двапати.
Повторениот судски процес „Монструм“ следуваше откако во 2017 година Врховниот суд го врати случајот на почеток, со што предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Во петкратното убиство на Велики четврток во 2012 година беа убиени рибарот Борче Стевковски и четворица матуранти: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски.