Според директорот на Канцеларијата за ИТ и електронска администрација сите се вакцинирани со „Астра Зенека“
2,35 милиони дози вакцини против ковид се дадени на српски граѓани, од кои 920 000 ја примиле втората доза, а до вторник, 30 март, треба да се стигне до еден милион ревакцинации
Директорот на Канцеларијата за ИТ и електронска администрација, Михаило Јовановиќ изјави дека досега во Србија се вакцинирани 22 000 странски државјани, сите со вакцината „Астра Зенека“.
„Вчера се создадоа редици, затоа што сите (странските граѓани) дојдоа во исто време, наутро. Ако ја почитуваа поканата и времето што им беше доделено, немаше да биде преполно… Апелиравме странците да не доаѓаат без претходна регистрација преку порталот за е-Влада“,
изјави Јовановиќ.
Според податоците од здравствените власти, само вчера биле вакцинирани над 5 299 странски државјани од кои половината се македонски. Исто така, според тамошните медиуми имало и граѓани на БиХ, на Црна Гора, Албанија, но и од некои земји од ЕУ.
За разлика од вчерашните гужви на Белградскиот саем, денеска гужвите се префрлија во Ниш.
Тој за РТС изјави дека досега во Србија се дадени 2,35 милиони дози вакцини против ковид на српски граѓани, од кои 920 000 ја примиле втората доза, а до вторник, 30 март, треба да се стигне до еден милион ревакцинации.
Заводот сега води евиденција за бројот на имунизирани граѓани, односно оние кои ја примиле втората доза на вакцина пред три недели, од кои во моментов има нешто повеќе од 620 000.
„Граѓаните обично одлучуваат да примат каква било вакцина одобрена од Агенцијата за лекови и медицински помагала. Сега, кога ќе завршиме со имунизацијата на постарите граѓани, ќе продолжиме со помладите“,
изјави Јовановиќ.
Во Србија засега се користат четири вакцини – на „Фајзер“, „Синофарм“, „спутник В“ и „Астра Зенека“.
Претседателот Александар Вучиќ најави дека земјата нскоро ќе почне со производство на руската вакцина, а на есен и на кинеската „Синофарм“.