Србија од 15 октомври годинава треба да започне со производство на кинеската вакцина на „Синофарм“, објави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Вечерва направивме голем договор, заедно со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кина, ќе изградиме нова фабрика во Србија за вакцините на ’Синофарм‘“,
најави Вучиќ.
Во рок од две недели, вели тој, тоа ќе биде направено јавно и за потпишување.
„Тоа ќе биде целосна гринфилд инвестиција, нова фабрика за вакцини која ќе ја градиме заедно со Емиратите и Кинезите во Србија. Со производство тргнуваме веќе од 15 октомври“,
рече Вучиќ за РТС.
Претходно, српскиот претседател најави дека во земјата ќе почне и производство на руската вакцина „Спутник В“ во рамки на Институтот Торлак.
„Ќе имаме големи количини на вакцини за нас, но и за целиот регион затоа што тоа што го научив вечерва е дека ќе мораме, макар и по буквална цена на чинење, да даваме вакцини на регионот бидејќи тоа што ќе ги излечиме или превентивно ќе делуваме на нашите граѓани нема да вреди ако има проблем во регионот“,
вели Вучиќ.