Според обработени 99,95 отсто од податоците од изборните единици во Бугарија до 7:30 часот утрово, двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев освоил 57,581 отсто од гласовите или во бројки тоа значи дека тие ја добиле поддршката на 1 093 564 гласачи
Зад нив е двоецот Андреј Ѓуров и Георги Кандев со освоени 749 543 гласови или 39,467 проценти
Илијана Јотова ќе биде новата претседателката на Бугарија. Таа во вториот круг на претседателските избори во земјата има убедливо водство пред нејзиниот противкандидат Андре Ѓуров, покажуваат податоците на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК). Потпретседател на земјата ќе биде Кирил Валчев.

Според обработени 99,95 отсто од податоците од изборните единици во Бугарија до 7:30 часот утрово, двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев освоил 57,581 отсто од гласовите или во бројки тоа значи дека тие ја добиле поддршката на 1 093 564 гласачи.
Зад нив е двоецот Андреј Ѓуров и Георги Кандев со освоени 749 543 гласови или 39,467 проценти.
Во графата „Не поддржувам никого“, според последните податоци на ЦИК, има вкупно 56 070 гласачи или во проценти 2,926.
Според досегашната распределбата на гласовите, разликата меѓу Јотова и Ѓуров, односно кандидатите се потпретседал на државата е 344 021 глас.

Илијана Јотова по извесната изборна победа ќе биде првата жена избрана за претседател на Бугарија.
Јотова синоќа на прес-конференција им се заблагодари на гласачите, на Иницијативниот комитет што ја номинираше и на партиите што ја поддржаа, ветувајќи дека ќе успее да ја надмине политичката поделба во бугарското општество, пренесе бугарската национална телевизија – БНТ.
Таа особено му се заблагоради на премиерот на земјата Румен Радев и неговата политичка групација „Прогресивна Бугарија“.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на „Прогресивна Бугарија“, г. Радев, без вас немаше да успееме да го направиме ова“,
рече новата бугарска претседателка.
Таа се осврна на како што кажа целослната мобилизација на гласачите во последните денови, за што помогнале партиите што застанаа зад неа и Валчев, како и на претставниците на Иницијативниот комитет што ги номинираше.,
„По оној притисок, по онаа омраза што се излеваше против овие луѓе, ниту еден од нив не се откажа, ниту еден од нив не нè предаде“,
кажа таа.
Рече дека тие воделе позитивна кампања, за разлика од нивните противници.
„Но, денес (1 ноември 2026 г.) народот со своите гласови кажа – не така. Преку дијалог, разговор, во потрага по решение, соработка и координација со други институции, може да се донесат добри одлуки, а не кога вашата главна порака е да ги саботирате сите други“,
изјави Јотова.
Новоизбраниот потпретседател Кирил Валчев истакна со Јотова успеале да ја удвојат поддршка на гласачите во вториот круг.
„Сакам да им се заблагодарам на Бугарите ширум светот кои гласаа. Јас ќе бидам уште еден гарант во претседателството за Бугарија во Европа, каде што таа е веќе 14 века, и за демократијата во нашата земја. Особено внимание ќе посветеми на младите луѓе“,
кажа Валчев, пренесоа бугарските медиуми.
Истакнувајќи дека сигурно ќе успее да ја обедини земјата, Јотова кажа дека избоната победа ѝ ја честитал нејзиниот противкандидат Ѓуров, кој рекол дека таа ќе биде достојна претседателка на државата.
„Господинот Ѓуров се јави пред некое време да ми честита и да ми каже дека ќе бидам достоен претседател кој ќе најде дијалог со сите и тој е убеден во ова“,
изјави Јотова.
Честитка за нејзината победа стигна и од премиерот Румен радев, кој воедно им се заблагодари и на поддржувачите на „Прогресивна Бугарија“.
„За исклучително кратко време, тие постигнаа неверојатен резултат. Г-ѓо Јотова, се познаваме 10 години и убеден сум убеден дека ќе бидете достоен претседател на Бугарија во тешките времиња во кои ќе ја носите оваа тешка одговорност. Денес, Бугарите ја избраа иднината пред минатото, тие избраа мир, стабилност, нормалност, одржлива и јасна перспектива. Завршуваме тешка изборна година, но насоката е јасна, нема враќање кон собранијата и сенките на минатото од транзицијата. За нас, овие избори ја потврдуваат исправноста на курсот што го зазедовме и нè охрабруваат за уште порешителни и поактивни реформи“,
рече Радев.

Бугарскиот премиер, исто така, ја коментираше можноста за протести во земјата, наведувајќи дека секој е слободен да протестира за нешто – „за сонцето, за растенијата…“
„Асен Василев ќе протестира до крај за буџетот, но тоа не значи дека на секои 4-5 месеци мора да одржуваме нови избори затоа што некој протестира. Да ја почитуваме демократијата – има луѓе кои се колнат во демократијата, но не ја почитуваат“,
рече Радев.
На прашањето дали е подготвена да се тргне од сенката на Румен Радев, во чиј претседателски мандат таа ја извршуваше функцијата потпретседателка на Бугарија, Јотова одговори:
„Со речиси 30-годишна биографија во политиката, немало човек кој може да ми каже што да правам“,
кажа новата претседателката на Бугарија.
И другите што застанаа зад Јотова и Валчев го честитаа за успехот. Петар Витанов, водач на парламентаната група на Бугарската социјалистичка партија, кажа дека успеале да го мотивираат гласачкото тело. Крум Зарков, претседател на Бугарската социјалистичка партија, ја оцени победата на Јотова како голема, категорична и заслужена.
„Победи желбата бна народото за мир“,
изјави Красимир Каракачанов од ВМРО – БНД.
Јотова и Ѓуров заедно со нивниот изборен тим ид поддржувачите синоќа ја продолжија прославата на изборната победа со шампањ и музика, далеку од објектите на камерите и фотоапаратите.
