Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на ковид-19, со што вкупниот број на досега дијагностицирани изнесува 1 170 лица. Како што соопшти Министерството за здравство, новите случаи се во Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.
Според епидемиолошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово.
Случаи на заболени со ковид-19, според денешните податоци има во 23 градови во земјава:
-Скопје – 401
-Куманово – 320
-Дебар – 51
-Штип-32
-Прилеп –112
-Тетово – 52
-Струга – 55
-Велес – 55
-Битола –17
-Охрид –7
-Кавадарци – 4
-Гостивар –12
-Гевгелија – 4
-Струмица – 2
-Крива Паланка-4
-Радовиш – 4
-Крушево – 3
-Кочани – 26
-Пробиштип – 2
-Кичево – 2
-Неготино -2
-Демир Хисар – 1
-Македонски Брод -2
Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Во ИЈЗ направени се 493, во лабораторијата на Ветеринарнио факултет 15 , во Авицена8, во „Филип Втори“ (Жан Митрев) 120 и во „Систина“ со PCR метода 61 тест.
Вкупно досега во земјата се направени 11 556 тестирања за ковид -19.
*Поврзана вест