На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје кои се во потешка состојба.
Со тоа вкупно на оваа клиника се хоспитализирани 52 пациенти, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент, од кои 8 пациенти се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти, потврдени и сомнителни на вирусот, од кои 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.
Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, и сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.
Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, од кои 6 се испишани од Клиниката за инфективни болести кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се лекуваа во домашни услови.
*Поврзана вест
Во изминатите 24 часа: Нови 53 заразени од 700 тестирани на ковид-19